Родриго, младиот напаѓач на Реал Мадрид и еден од најдобрите офанзивци на Бразил, е гневен. И тоа проста причина што го нема во албумот на Панини сликичките за СП во Катар. Со оглед на тоа дека на тој албум нема место за сите, има само за 18 играчи, од Панини одлучиле да не го стават Родриго.
„Кога си играч на Реал Мадрид тогаш шансите да играш на СП се осетно поголеми. Знам дека морам уште да работам, но сепак не кријам дека сум фрустриран на тоа дека ме нема во албумот. Според мене јас морав да бидам таму, ова мора да е некоја валкана игра“ изјави Родриго.
Што се однесува до тоа кој навистина ќе се најде на списокот на Бразил за Катар, ќе одлучи селекторот Тите следниот месец, кога ќе биде објавен конечниот список.