Нотингем го продолжи договорот со тренерот и покрај катастрофалните резултати

77

Повратникот во Премиер лигата, тимот на Нотингем Форест направи голема реконструкција во текот на летото со тоа што ангажираше преку 20 нови фудбалери, меѓутоа резултатите се под нивото.

И покрај тоа што „шумарите“ се последно пласирани со четири бода (една победа, едно реми и шест порази), сепак, раководството верува во него и верува дека тимот набргу ќе се издигне и ќе почне да се качува нагоре на табелата.

Па така менаџерот Стив Купер ќе остане на кормилото со договор до летото 2025 година. Токму овој специјалист го одведе тимот во Премиер лигата за прв пат од 1999 година.

ПретходноКК Работнички добива моќен спонзор со чија помош ќе се враќа на шампионскиот пат
СледноСрпски научници откриле нова врста на инсект и го нарекле по Новак Ѓоковиќ