Октај Дерелиоглу: Гостивар против Беласица посакува освојување на нови три бода!

167

Утре во меч од 7.коло во ВМФЛ, тимот на Гостивар, еден од аспирантите за највисок пласман, на теренот во Г. Речица ќе ја пречека Беласица. Со оглед на формата и квалитетот на двата тима, јасно е дека Гостивар е фаворит. Сепак треба да се одигра, во фудбалот никогаш не треба да се помисли дека победникот однапред се знае.

May be an image of 12 people, people standing and grass

За тоа што може да се очекува од овој меч, свој коментар има стратегот на гостиварци Октај Дерелиоглу:

Во фудбалот фаворизирање на хартија е неважен дел. Секј тим кој ќе излезе на терен се бори за да победи. Изразот силен или слаб тим е само збор во фудбалот. Кој тим совршено ќе си ја одработи својата работа тој и ќе победи, тука нема некоја посебна филозофија. На утрешниот меч против Беласица сакаме да се држиме до тактичката дисциплина и да го напуштиме теренот со три бода на нашето конто, посакуваме нова победа“

заклучи стратегот на Гостивар.

ПретходноФутсал: Македонија денеска на гости кај Шведска ги стартува квалификациите за СП!
СледноМакедонски судии ќе ја делат правдата на футсал мечот меѓу Грузија и Белгија!