Партизан „потопен“ кај Алба, Олимпијакос триумфално кај Барса

85

Кошаркарите на Партизан беа поразени убедливо од Алба со 100:84 во еден од преостанатите три вечерни дуели од 1. коло во Евролигата.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ одиграа очајно прво полувреме, па о вториот дел се обидуваа да поправат дел од она што го уништија на стартот на мечот, но не беше доволно за да се надополни негативата од првите 20 минути.

Најефикасни кај Алба беа Блет со 16 поени и Сикма со 15 поени, додека кај Партизан, Ексум постигна 22 поени.

Изненадувања вечерва приредија Олимпијакос и Монако со гостинските победи. Олимпијакос во дербито ја совлада Барселона на гостински терен со 80:70, додека Монако беше убедлив во Италија „прегазувајќи“ го тимот на Виртус Болоња со 83:66.

ПретходноСребро и бронза за македонските кик-боксери на СП за младинци
СледноВердер не се шегува: Триумф на гости кај Хофенхајм за место во ТОП 4 (ВИДЕО)