Синоќа на мечот меѓу Вест Хем и Андерлехт во Лигата на Конференции, можевме да видиме потег кој го можат само вистинските фудбалски мајстори. Имено Лукас Пакет, интернационалецот од Бразил во дресот на Вест Хем, ги остави сите кои го следеа овој меч со подзинати усти. Една топка леташе речиси 40 метри а Пакета во скок на фантастичен начин успеа да ја смири.
Некој ќе рече дека ова го можат само бразилските фудбалери, и со право.
Да кажеме дека Вест Хем победи со голот на Скамака, но асистенцијата беше на Пакета.
Such class from Paqueta and then cresswell's reaction 😂⚒ pic.twitter.com/T4BMcF0PX2
— Pablo Fornals (@pablo_fornals) October 6, 2022