Синот на Бекам се врати во Англија и му се приклучи на англиски премиерлигаш

577

Ромео Бекам, синот на прославениот англиски репрезентативец Дејвид Бекам, се врати во Англија и и се приклучи на екипата на Брентфорд. Тој тренира со „Б“ тимот и ако задоволи ќе потпише договор.
Инаку Ромео, кој има 20 години, се уште е под договор со Интер Мајами, чиј сопственик е татко му Дејвид. Како што пишува „Тајмс“, тој започнал тренинзи со Брентфорд со надеж дека ќе потпише договор.
Ромео во 2014 година тренираше со Арсенал, а потоа фудбалот го замени со тенис. Тениската кариера ја градеше до 2021 година, а потоа потпиша за Интер Мајами.

ПретходноМладиот Китановски на дело покажа дека Струга ТЛ има уште еден квалитетен голман!
СледноKoлената на еден од најдобрите фудбалери во историјата