Ракометарите на Пролет ја остварија петтата победа сезонава, откако вечерва во 6. коло како гости беа подобри од екипата на Скопје со 30:22.
Гостите одржуваа континуирано водство во текот на целиот меч, па речиси лесно успеја да прокнижат нови бодови.
Скопје успеа да пријде на негатива од 3 гола во завршните десетина минути и тоа беше се чини се што успеаја да сторат. Јагуриновски го предводеше Пролет со 11 гола, а исто толку постигна и Палевски. Кај Скопје најефикасен беше Барјактаревиќ со 7 гола.