Меѓународната фудбалска централа (ФИФА) го суспендира на неопределено време фудбалерот на Динамо Загреб Махир Емрели поради долгувања кои играчот ги има кон некогашниот свој клуб Легија од Варшава.
„Како клуб должни сме да информираме за суспензијата на ФИФА кон играчот од првиот тим Махир Емрели поради финансиски обврски кои играчот не ги подмирил кон својот поранешен клуб Легија во рокот што претходно го договориле двете страни. Динамо ќе ја почитува одлуката на ФИФА“, соопштија од хрватскиот шампион.
Емрели оваа година дојде во Динамо. Летото 2021 година напаѓачот од Азербејџан го напушти Карабах и ја засили Легија за која одигра 33 натпревари и постигна 11 голови.