Низ интернет кружи фотографија од коленото на Роналдо. Не Кристијано, оној што беше голема ѕвезда пред него, бразилскиот ас Луис Назарио Да Лима Роналдо. Славиот бразилски репрезентативец беше страв и трепет за противничките дефанзивци и голмани.
Тој беше фантастичен играч и покрај тоа што се соочи со голем број на повреди. Се почна кога имаше 22 години по што следуваа низа повреди поради кои отсуствуваше долго време. Првата сериозна повреда му се случи во ноември 1999 година, а потоа во април 2000 година ги скина лигаментите по што следуваше пауза од осум месеци.
На интернет кружи фотографија од колената на Роналдо. Се гледаат огромни белези од операции, од 10-15 сантиметри што доволно зборува низ што поминал, според многумина најдобриот фудбалер во историјата.
View this post on Instagram