Ибрахимовиќ сепак размислува за пензија

84

Иако секоја негова изјава почнува и завршува колку е сеуште јак иако има 41. година и колку сеуште може да игра на високо ниво, сепак, ситуцијата со Златан Ибрахимовиќ не е баш таква. Тој неодамна направи операција на коленото, рехабилитацијата е во тек, а потенцијалниот негов кам бек треба да се случи во јануари.

Сепак, тоа е можно само и доколку рехабилитацијата оди како што треба, а се појави ли и најмал проблем тогаш Ибрахимовиќ автоматски ќе прогласи пензија.

„Да, Златан работи на тоа да се врати на терен, но морате да раазберете дека рехабилитацијата е комплицирана и дека мора да биде се во ред. Доколку не е, Ибрахимовиќ сериозно размислува за пензија“ – изјави новинарот Алесандро Алциато.

ПретходноФК Победа: Благодарност до ФФМ за соработката
СледноМакедонија со реми против Белорусија