Кавани: По пресвртот на Барселона против ПСЖ одев на психотерапија

210

Напаѓачот на Валенсија и екс-голгетерот на Пари Сен Жермен, Единсон Кавани изјави дека пресвртот на Барселона за 6:1 на парижаните во осминафиналето на ЛШ во 2017 година го натерало Уругваецот да оди на психотерапија.
Прв пат кога отидов на психотерапија беше по пресвртот на Барселона против ПСЖ. Тоа толку многу ме погоди што барав решение преку соодветна терапија. За пет минути се промени се што направивме. Тоа е толку голем удар по кој не можеш да се контролираш и покрај тоа што станува збор за фудбал. Тоа се одразува и на други аспекти на личноста на секој фудбалер. Без растревожен, чувствував немир како и студена пот. Ми се вртеше пред да си легнам и ми беше страв да заспијам. Си велев: “Да не имам проблем со главата?“, сподели Кавани за „Revelo“.

ПретходноKoлената на еден од најдобрите фудбалери во историјата
СледноКК Работнички добива моќен спонзор со чија помош ќе се враќа на шампионскиот пат