Попладнево се одиграа седум натпревари од 7.коло во ВМФЛ. Вардар гостуваше во Македонска Каменица и успеа да дојде до убедлив триумф со 0:3 кај Саса, со тоа остана на лидерската позиција. Стрелци на головите беа Мицевски, Јаневски и Жоглев.
Интересно и возбудливо беше на средбата Гостивар и Беласица. Гостиварци иако ја имаа иницијативата, имаа и повеќе шанси сепак на крајот не успеаја да дојдат до победата, на крајот резултатот гласеше 0:0.
Детонит Плачковица и тоа како не се шегува. Попладнево во Радовиш успеа да триумфира над Пелистер со 1:0 и со овие три бода и тоа како се вклучува во битката за највисок пласман.
Беса го „распарчи“ Тетекс со 6:1, Воска Спорт беше убедлива против Слога Виница и победи со 3:0 и тоа со головите на Емини, Фета и Мурати.
Караорман со 2:0 славеше против Арсими.
Охрид во Велес го победи Борец со 1:2.
РЕЗУЛТАТИ 7.КОЛО
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ПЕЛИСТЕР 1:0
БОРЕЦ – ОХРИД 1:2
КАРАОРМАН – АРСИМИ 2:0
КАМЕНИЦА САСА – ВАРДАР 0:3
БЕСА – ТЕТЕКС 6:1
ГОСТИВАР – БЕЛАСИЦА 0:0
ВОСКА СПОРТ – СЛОГА (В) 3:0
НЕДЕЛА, 14 Ч
ПЕХЧЕВО СКОПЈЕ – КОЖУФ