Официјално: Гасли во Алпин, а Де Врис на негово место во Алфа Таури

62

Сега и официјално потврдено. Пјер Гасли ќе биде новиот возач на тимот на Алпин во Формула 1 за сезоната 2023, објавија од тимот пред квалификациите за ГП на Јапонија. Сега веќе поранешниот возач на Алфа Таури потпиша многугодишен договор.

Во Аплин, францускиот возач ќе го замени двојни светски шампион Фернандо Алонсо кој летоска потврди дека ќе премине во Астон Мартин. Со доаѓањето на Гасли, тимот на Алпин формира француско дуо за наредната сезона бидејќи другиот возач е Естебан Окон.

А Алфа Таури веднаш најде замена за Гасли. Па така новиот возач на тимот базиран во Фаенца (Италија) е Себастијан де Врис кој дебитираше во Ф1 шампионатот на ГП на Италија пред еден месец. Во Монца холандскиот возач го замени Алекс Албон во составот на Вилијамс. И покрај тоа што имаше само еден тренинг тој извозе одлично и заврши на деветтото место на трката.

 

ПретходноМакси Лопез бруталeн кон Ванда: „Претходно имав крнтија сега имам Ферари“
СледноРистовска најдобар стрелец во победата на ЦСКА Москва