ПМФЛ: Забревтаниот Тиквеш и против „лавовите“ посакува триумф!

143

Денеска од 14 часот во Кавадарци, со мечот Тиквеш – Македонија ЃП стартува 10.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Сите останати мечеви се играат утре, па затоа денеска вниманието ќе биде насочено кон Кавадарци.

Тиквеш досега, во изминатиот дел од сезоната покажа дека е едно од најпријатните изненадувања. Момците на стратегот Ѓорѓи Мојсов играат добро, победуваат и засега се на 4.место на табелата.

Секако дека денеска кавадарчани се исправени пред тежок предизвик. Гостува составот на Македонија ЃП кој искрено и не се прослави во изминатите девет кола. Сепак “лавовите“ минатиот викенд ја сопреа серијата на Струга ТЛ и покажаа знаци дека полека, но сигурно излегуваат од кризата.

Јасно е дека на Тиквеш нема да му биде нималку лесно, но сепак ако кавадарчани одиграат како досега, би можеле да дојдат до нови три бода.

Да повториме, натпреварот се игра денеска од 14 часот, судијата ќе биде Јован Качевски од Струга.

ПретходноНеста го знае „рецептот“ за Халанд: Јас ќе ви објаснам како да го запрете…
СледноМакси Лопез бруталeн кон Ванда: „Претходно имав крнтија сега имам Ферари“