Ремс – ПСЖ 0:0 е епилогот од вечерашниот меч во Лига 1 во рамките на 10.коло. Исклучувањето на Рамос во 41.минута можеби пресуди „светците“ да не победат, но треба да се каже дека покрај тоа што Меси поради ситна повреда не беше воопшто во тимот, и Нејмар мечот го почна од клупата.
Бадијала беа сите атаци на гостите од Париз кон домашниот гол, се чини дека тренерот Криштоф Галтие се “коцкаше“ и тоа му се удри од глава.
Ова беше второ реми за ПСЖ во изминатите десет кола, има и осум победи.