Тиквеш супериорен против МЃП

152

Екипата на Тиквеш на најдобар можен начин покажа дека се што лошо се случуваше сезонаа е зад неа и дека победите очигледно ќе станат секојдневие. На домашен терен предмалку кавадарчани во рамките од новото ПМФЛ коло успеаа да го декласираат тимот на Македонија ЃП со 4:0 во дуел во кој што ги искористија 99% од ситуациите пред противничкиот гол. Наспроти тоа, МЃП и покрај добриот старт на мечот, од играчка гледна точка по примениот прв гол буквално се распадна и има за многу што да размислува како во иднина ќе ги игра прволигашките мечеви.

Фото финиш на домашните во првиот дел

За Тиквеш, и воопшто за мечот клучен момент беше самиот финиш на првиот дел. Тогаш Ивановски погоди за водство, во 44. минута, а само минута подоцна и Нгоба со молневит контра напад успеа да зголеми на 3:0.

Во вториот дел Лазаров шутираше, а топката удри во раката на Бојан Илиевски. Досуден пенал, а реализатор Иван Ивановски. Следуваше нов гол за Нгоба кој одлично прими една топка во петерецот иако на грбот го имаше Мишевски и со полуволеј заби за 4:0.

Конечно, во последните моменти од мечот, токму Нгоба имаше можност за хет трик но вториот досуден пенал за Тиквеш напаѓачот не успеа да го реализира.

 

ПретходноЕтеми одново “тресе“, но Истанбулспор е поразен! (ВИДЕО)
СледноВМФЛ: Вардар убедлив во Каменица, Гостивар само со бод, Детонит го “скрши“ Пелистер…