Убави вести од Исланд. Имено ракометарките на Ѓорче Петров вечерва во реваншот го победија тимот на Ка Тор со 34:23 и се пласираа во следната фаза во Европскиот Куп. Само да се потсетиме дека на првиот меч, кој исто така се одигра на Исланд, беше нерешено 20:20.
Ризоска блескаше со 9 голови, Николиќ постигна шест, а Коларовска и Јанкулоска постигнаа по пет.