Уште едно одлично издание на Алкалоид во меч од 6.коло во машката ракометна Суперлига. Четата на стратегот Кире Лазаров со 39:25 успеа да слави среде Неготино кај домашниот Вардар.
Гостите од Скопје од стартот на мечот ја презедоа иницијативата и како што одминуваше времето постојано ја зголемуваа разликата во свија корист.
На пауза се замина со резултат 16:8. Нема што, овој Алкалои едноставно од меч во меч покажува сила. Ова беше негова петта победа во шесте одиграни натпревари.
Се играше брзо, модерно, со многу акции и дури 39 постигнати голови.
На вториот меч, одигран во Струга во Езерското дерби, Охрид со 22:24 успеа да слави кај соседот. Интересно, домашните го контролираа резултатот речиси до 55.минута, потоа Охрид се разигра и успеа да направи пресврт и да дојде значајна победа.
Во победничкиот тим Шешиќ постигна шест голови, пет беа дело на Озтурк а кај поразените најефикасен со Блажевски постигна осум голови.
И ова беше меч од 6.коло во Суперлигата во групата А.