Возачот на Ред Бул Макс Верстапен ја „грабна“ пол-позицијата на ГП Јапонија со што ги зголеми шансите за да ја освои шампионската титула во Формула 1 шампионатот уште овој викенд. Во квалификациите тој го победи дуото на Ферари Шарл Леклер и Карлос Сајнц.
Верстапен поведе на стартот на третата квалификациска рунда поставувајќи време од 1 минута 29.304 секунди што беше доволно за првото место, а со 10 десетинки послабо време имаше Леклер, додека 57 секунди послаб од првиот беше Сајнц.
Серхио Перез ќе стартува на утрешната трка на „Сузука“ од четвртото место, а Естебан Окон од Алпин ќе тргне од петтата позиција.
Главната трка ќе се вози во недела наутро по централно европско време.