Џек Грилиш го искажа своето незадоволство до компанијата ЕА Спортс за својот изглед во новата видео игра ФИФА 24. Тој смета дека графичкиот тим на компанијата ептен го изобличила и го направила како лик од популарниот анимиран филм „Тоу Story“ („Приказна за играчките“).
„Абе дечки од ЕА Спортс, личам на оној лик од Тоy Story“, напишал Грилиш.
27-годишниот фудбалер на Манчестер Сити алудира на Сид, лошиот сосед на Енди кој има голема глава и големо чело во култниот анимиран филм на „Pixar“.
Фановите веднаш почнаа со коментари, а еден од подобрите беше следниот:
„Изгледа некој во ЕА Спортс е навивач на Астон Вила“.
Токму Грилиш ја напушти Астон Вила и премина во Манчестер Сити.