Шкендија утре во дербито на 10.коло во ПМФЛ под Шара, ја дочекива Брегалница која никако да ја стабилизира својата форма. Во пресрет на мечот јасно е дека силната Шкендија е фаворит, но не смее никако да се потцени Брегалница.
Голманот на Шкендија тоа најдобро го знае:
„Со доаѓањето на Ќатип Османи тимот на Шкендија е нешто друго. Тоа се гледа од нашите игри, па и резултати на последните мечеви. Само треба да продолжиме со тој победнички ритам. Сепак нема да ни биде лесно со Брегалница, секој противник треба да се респектира. Од друга страна јасно е дека ние одиме по трите бода, тука нема дилеми“ посочи еден од нашите најдобри голмани.