Милитао ги израдува “кралевите“ во малото мадридско дерби! (ВИДЕО)

84

Доволен беше само еден гол и тоа на стоперот Едер Милитао во 3.минута за победа на Реал Мадрид со 0:1 на гости кај Хетафе. Ова беше градско дерби на Мадрид. Инаку никој не можеше да претпостави дека токму тој гол ќе биде единствениот на овој меч. Четата на стратегот Карло Анчелоти не блескаше, напротив, тоа беше само еден просечен меч за “кралевите“. Но победа си е победа, три бода си се три бода.

Па така Реал Мадрид изби повторно на челното место на табелата со 22 бода, три повеќе од Барса која утре ќе го одигра својот натпревар.

ПретходноСтанковиќ дебитираше со реми кај Болоња!
СледноПСЖ се “избламира“ на гости кај Ремс, Рамос “поцрвене“!