Момче, очигледно не си научил кој е Гатузо! (видео)

1471

Валенсија играше против Осасуна во шпанската Ла Лига и успеа да победи со 3:2. Сепак, еден момент забележаа камерите, а тоа е кога тренерот на Валенсија Џенаро Гатузо му се изнавика на свој фудбалер.

Гатузо беше познат како жестоко момче поради тоа што немаше страв да влегува во дуели со противнички играчи, а жесток е и како тренер. Не сака фудбалери страшливци или кои прават глупости на теренот.

Неговиот темперамент го почувствува играчот Муктар Диабаки. И покрај тоа што даде гол, тој направи и низа грешки па Гатузо го извади од игра затоа што процени дека може да добие црвен картон. А да биде посмешно, иако веќе беше надвор од игра Диабаки му дофрли нешто на судијата, поради што доби црвен картон.

Гатузо го седна на клупата својот фудбалер и му одржа „лекција“. Му се изнавика, а потоа бесот го искали на мини-фрижидерот. Го клоцна силно додека му се дереше на играчот од средниот ред.

По мечот Италијанецот објасни што се случило.

Тој мора да ја почитува судиската одлука, а црвен картон на клупата е нешто што мора да го избегнуваме. Диабаки ни недостасуваше во играта, затоа што морав да го заменам, а сега го изгубивме и за наредниот меч“, изјави Гатузо.

ПретходноВерстапен до пол позицијата на Сузука и чекор поблиску до титулата
СледноГвардиола до Гундоган: Нема да заиграш ниту една минута ако не дојдеш во мојот ресторан