Денеска на официјална прес конференција на која присуствуваше и премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски беше промовиран новиот генерален спонзор на кошаркарскиот клуб Работнички од Скопје. Се работи за телекомуникациската компанија Мтел, која што го презема спонзорството на клубот и која што во иднина ќе се грижи клубот повеќе да не дојде до ситуацијата во која што се наоѓаше изминатиот период.
Премиерот Ковачевски, како и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски изразија благодарност на компанијата која што се нафаќа на овој проект со недаж дека и многу други како неа во иднина ќе се одлучат на ваков потег.
За Работнички како што нагласија присутните се подготвуваат големи планови за во иднина, па клубот кој е повеќекратен освојувач на домашниот шампионат може да се врати на старите патеки.