Неста го знае „рецептот“ за Халанд: Јас ќе ви објаснам како да го запрете…

531

Легендарниот италијански дефанзивец Алесандро Неста го знае начинот на кој може да се запре Ерлинг Халанд, голгетерската машина на Манчестер Сити. Халанд игра во неверојатна форма во Сити, како во Премире лигата така и во ЛШ, а поранешниот ас на Лацио и Милан вели дека го има одговорот на прашањето како да се запре „терминаторот“ од Норвешка.
Да бев активен фудбалер јас ќе можев да играм против Халанд. Играв против Роналдо (Бразилецот), Халанд е многу добар, ама тој беше нешто друго. Играв против Меси, Кристијано Роналдо, ама за мене Роналдо е пред сите.
Како ќе го запрете Халанд? Мора да бидете блиску до него, да имате контакт со него. Ако му оставите простор, готови сте“, порача Неста.

ПретходноГрилиш незадоволен од своето лице во ФИФА 23: Абе дечки, личам на оној лик од „Toy Story“
СледноПМФЛ: Забревтаниот Тиквеш и против „лавовите“ посакува триумф!