“РОБОТОТ“ Халанд и Сити продолжуваат со “ТЕРОРОТ“! (ВИДЕО)

219

Зарем мислевте дека ќе помине еден натпревар а Ерлинг Халанд да не постигне гол? Не, никако.

Да, точно е дека се изначекавме до 65.минута на попладневниот меч со Саутемптон, кога “РОБОТОТ“ Халанд стрелаше за 4:0. Претходно стрелци беа Кансело, Фоден и Марез. Треба да се каже дека Норвежанецот на овој меч имаше барем 3-4 зицери, очигледно е дека не му беше денот.

Ова е неговиот 15 гол во 9.коло во Премиерлигата.

Вистински фудбалски “МОНСТРУМ“.

Њукасл со 5:1 го “торпедираше“ Брентфорд, два гола беа дело на Гимараеш, а по еден на Марфи и Алмирон, ина крај автогол на Пинок.

Борнмут со 2:1 го победи оваа сезона очајниот Лестер, а стрелци беа Билинг и Кристи, додека за “лисците“ стрелаше Дака за водство од 0:1.

Челзи со 3:0 рутински славеше против Вулфс и тоа со головите на Хаверц, Пулишиќ и Броја.

ПретходноСупер деби на Чаби Алонсо: Леверкузен го декласираше Шалке! (ВИДЕО)
СледноМедведев среде меч се повлече, Новак ќе игра финале во Астана! (ВИДЕО)