Дејан Станковиќ на својот прв меч на клупата на Сампдорија, вечерва дебитираше со реми и тоа на гости кај Болоња. Резултатот на крајот беше 1:1. Интересно е тоа што стратег на тимот од Болоња е Тиаго Мота, кој заедно со Станковиќ беше дел од легендарниот тим на Интер во времето на Жозе Мурињо.
Болоња поведе со голот на Домингез во 32.минута, но гостите од Џенова со голот на Ѓуричиќ во 72.минута дојдоа до бод.