Македонскиот шампион Ѓорче Петров одигра нерешено 20:20 на гостувањето на Исланд против КА Тор во рамките на 2. коло на Европскиот куп. Ѓорчепетровки во поголемиот дел од натпреварот имаа водство од четири гола разлика, а на минута пред крајот имаа и 20:18. Сепак, не успеаја на крајот да ја сочуваат предноста.
Вечерва (21:30 часот) ќе се одигра реваншот (формално ќе биде гостин), а Ѓорче Петров мора да бара победа доколку сака пласман во наредната фаза на Европскиот куп.
Најефикасни во екипата на Ѓорче Петров беа Анастастија Николовска со 6 и Ангела Јанкуловска со 5 гола.