Џеко со два гола му донесе триумф на Интер кај Сасуоло! (ВИДЕО)

72

Во меч од 9.коло во Серија А, тимот на Интер успеа со 1:2 да слави на гости кај незгодниот тим на Сасуоло. Ова беше победа која и тоа како му беше неопходна на тимот на Симине Инзаги а и на неговата екипа ако се знае дека гигантот од Милано очајно ја стартуваше новата сезона во Серија А.

Џеко во 44.минута стрелаше за 0:1, потоа домашните израмнија на 1:1 во 60.минута со голот на Фратеси, за да Џеко во 75.минута стрелаше уште еднаш за победа и големи три бода на неговиот тим.

Со овие два гола Џеко стигна до 101 гол во Серија А.

ПретходноЖРК Металург високо поразен од ПАОК!
СледноСупер деби на Чаби Алонсо: Леверкузен го декласираше Шалке! (ВИДЕО)