Алкалоид и во Неготино сака да покаже сила, Езерско дерби во Струга!

71

 

Во рамките на 6.коло во машката ракометна Суперлига, денеска се играат два меча, и двата од групата – А. Во Неготино, домашниот Вардар Неготино го дочекува амбициозниот Алкалоид. Нема дилеми кој тим е фаворит и кој би требало да дојде до победата. Повеќе од јасно е дека четата на Кире Лазаров ако одигра во рамките на своите можности би требало да дојде до петтата победа во шестиот меч сезонава.

Вардар пак сеуште го чека својот прв триумф.

Натпреварот почнува во 18.30 часот.

Половина час порано во Струга се игра Езерското дерби меѓу домашната Струга и Охрид. Ова ќе биде меч бодови, но и за престиж, посебно ако се знае дека меѓу овие две екипи ривалството е големо.

ПретходноГвардиола до Гундоган: Нема да заиграш ниту една минута ако не дојдеш во мојот ресторан
СледноГостивар е првиот сериозен предизвик за вицешампионот Пелистер!