ВМФЛ: Вардар убедлив во Каменица, Гостивар само со бод, Детонит го “скрши“ Пелистер…

881

Попладнево се одиграа седум натпревари од 7.коло во ВМФЛ. Вардар гостуваше во Македонска Каменица и успеа да дојде до убедлив триумф со 0:3 кај Саса, со тоа остана на лидерската позиција. Стрелци на головите беа Мицевски, Јаневски и Жоглев.

Интересно и возбудливо беше на средбата Гостивар и Беласица. Гостиварци иако ја имаа иницијативата, имаа и повеќе шанси сепак на крајот не успеаја да дојдат до победата, на крајот резултатот гласеше 0:0.

Детонит Плачковица и тоа како не се шегува. Попладнево во Радовиш успеа да триумфира над Пелистер со 1:0 и со овие три бода и тоа како се вклучува во битката за највисок пласман.

Беса го „распарчи“ Тетекс со 6:1, Воска Спорт беше убедлива против Слога Виница и победи со 3:0 и тоа со головите на Емини, Фета и Мурати.

Караорман со 2:0 славеше против Арсими.

Охрид во Велес го победи Борец со 1:2.

РЕЗУЛТАТИ 7.КОЛО

ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ПЕЛИСТЕР 1:0

БОРЕЦ – ОХРИД 1:2

КАРАОРМАН – АРСИМИ 2:0

КАМЕНИЦА САСА – ВАРДАР 0:3

БЕСА – ТЕТЕКС 6:1

ГОСТИВАР – БЕЛАСИЦА 0:0

ВОСКА СПОРТ – СЛОГА (В) 3:0

НЕДЕЛА, 14 Ч

ПЕХЧЕВО СКОПЈЕ – КОЖУФ

ПретходноТиквеш супериорен против МЃП
СледноТака е кога не брани Столе: Рајо убедливо поразен од Алмерија! (ВИДЕО)