Попладнево од 14 часот на програмата се седум натпревари од 7.коло во ВМФЛ. За утре е закажан дуелот меѓу Пехчево Скопје и Кожуф.
Има неколку мечеви кои го привлекуваат вниманието, еден од тие секако дека е оној меѓу Гостивар и Беласица, меч кој се игра во Г. Речица. Јасно е дека со оглед на моменталната форма, Гостивар е голем фаворит, но сепак Беласица си е Беласица, секогаш подготвена за изненадување.
Во Македонска Каменица гостува Вардар. Секогаш кога гостува најтрофејниот, па макар тоа било и во ВМФЛ, тоа е фудбалски празник, па така ќе биде и попладнево во Македонска Каменица каде ќе дочека тимот на Каменица Саса.
Арсими му оди на Караорман во Струга. Ова се два тима кои оваа сезона влегоа во ВМФЛ и тоа преку бараж. Се очекува интересен меч, крајно неизвесен.
Детонит Плачковица го дочекува Пелистер, можеби е ова дербито на колото. Дуел на две изедначени екипи кои посакуваат бодови.
ДВОЈКИ ЗА 7.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ПЕЛИСТЕР
БОРЕЦ – ОХРИД
КАРАОРМАН – АРСИМИ
КАМЕНИЦА САСА – ВАРДАР
БЕСА – ТЕТЕКС
ГОСТИВАР – БЕЛАСИЦА
ВОСКА СПОРТ – СЛОГА (В)
НЕДЕЛА, 14 Ч
ПЕХЧЕВО СКОПЈЕ – КОЖУФ
ТАБЕЛА
Вардар 16, Воска 14, Гостивар 14, Пелистер 11, Детонит Плачковица 10 (-1), Арсими 9, Беласица 8, Беса 8, Кожуф 7 (-1), Тетекс 7, Слога (В) 6, Каменица Саса 5, Караорман 4 (-1), Охрид 4(-1), Пехчево Скопје 3, Борец 0.