Грилиш незадоволен од своето лице во ФИФА 23: Абе дечки, личам на оној лик од „Toy Story“

127

Џек Грилиш го искажа своето незадоволство до компанијата ЕА Спортс за својот изглед во новата видео игра ФИФА 24. Тој смета дека графичкиот тим на компанијата ептен го изобличила и го направила како лик од популарниот анимиран филм „Тоу Story“ („Приказна за играчките“).

„Абе дечки од ЕА Спортс, личам на оној лик од Тоy Story“, напишал Грилиш.

27-годишниот фудбалер на Манчестер Сити алудира на Сид, лошиот сосед на Енди кој има голема глава и големо чело во култниот анимиран филм на „Pixar“.

Фановите веднаш почнаа со коментари, а еден од подобрите беше следниот:

„Изгледа некој во ЕА Спортс е навивач на Астон Вила“.

Токму Грилиш ја напушти Астон Вила и премина во Манчестер Сити.

ПретходноДел од плафонот падна на теренот за време на мечот Ефес-Ц.Звезда
СледноНеста го знае „рецептот“ за Халанд: Јас ќе ви објаснам како да го запрете…