Ембид бира помеѓу САД и Франција

105

Најдобриот стрелец во изминатата НБА сезона, центарот на Филаделфија Џеол Ембид е пред важна одлука во животот. За која репрезентација да настапува. Со оглед на фактот што од пред две години има француско државјанство, а од неодамна и американско, сега двете селекции се обидуваат да го привлечат во своите редови.

Ембид според најавите е исклучително заинтересиран за да настапи на Олимписките игри, но под кое знаме ете сеуште не е јасно.
„Благослов е да си американец. Живеам веќе долдо време тука, моето дете е американец, тука се чувстувам супер“ – изјави во една прилика Ембид.

Од дрига страна пак Франција, која што сметаше дека Ембид со сигурност ќе игра за неа до неодамна сега има ривал по ова прашање.
„Негова е одлуката за кого ќе настапува. Ние не можеме ништо тука. Добро би било да игра за Франција, и знам дека Ембид веќе има разговарано на темава со неколку наши репрезентативци“ – изјави пак селекторот на Франција, Винсент Коле.

 

ПретходноТиквеш со двојна предност на полувреме против МЃП
СледноЕтеми одново “тресе“, но Истанбулспор е поразен! (ВИДЕО)