Захов: Шкендија со Ќато e нешто друго, одиме на победа и против Брегалница!

225

Шкендија утре во дербито на 10.коло во ПМФЛ под Шара, ја дочекива Брегалница која никако да ја стабилизира својата форма. Во пресрет на мечот јасно е дека силната Шкендија е фаворит, но не смее никако да се потцени Брегалница.

Голманот на Шкендија тоа најдобро го знае:

Со доаѓањето на Ќатип Османи тимот на Шкендија е нешто друго. Тоа се гледа од нашите игри, па и резултати на последните мечеви. Само треба да продолжиме со тој победнички ритам. Сепак нема да ни биде лесно со Брегалница, секој противник треба да се респектира. Од друга страна јасно е дека ние одиме по трите бода, тука нема дилеми“ посочи еден од нашите најдобри голмани.

ПретходноЃорѓиоски: Брегалница и против Шкендија ќе игра офанзивно!
СледноЈуве на колена: Милан во мега – дербито покажа зошто е шампион! (ВИДЕО)