Супер деби на Чаби Алонсо: Леверкузен го декласираше Шалке! (ВИДЕО)

81

Какво деби на клупата на Леверкузен имаше Чаби Алонсо, новиот стратег на Баер? Фантастично, нема што. Шпанецот го предводеше својот тим на свој прв меч како тренер до победа против Шалке со 4:0. Инаку ова е и соседско дерби на екипите од Леверкузен и Гелзенкиргхен.

Стрелци на головите беа Диаби, Паулињо и Фримпонг кој постигна два.

Покрај овој натпревар, попладнево се одиграа уште три од 9.коло во Бундеслигата.

Бохум со 3:0 го победи Ајнтрахт Франкфурт, што е и мало изненадување. Аугсбург и Волфсбург одиграа 1:1, исто како и Мајнц и Лајпциг.

ПретходноЏеко со два гола му донесе триумф на Интер кај Сасуоло! (ВИДЕО)
Следно“РОБОТОТ“ Халанд и Сити продолжуваат со “ТЕРОРОТ“! (ВИДЕО)