Ѓорѓиоски: Брегалница и против Шкендија ќе игра офанзивно!

122

Утре од 14 часот во меч од 10.коло во ПМФЛ, Брегалница му гостува на тимот на Шкендија. Тим кој што откако го презеде Ќатип Османи игра се подобро и подобро.

Повеќе од јасно е дека штипските „сини“ ги чека пеколно гостување, посебно ако се знае составот на стратегот Илчо Ѓорѓиоски не е во посакуната форма.

Во пресрет на утрешното гостување, Ѓорѓиоски истакна:

И против Шкендија ќе играме офанзивно. Едноставно не отстапуваме од нашата филозофија, а тоа е напаѓачки фудбал без разлика против кого играме. Така ќе биде и против Шкендија. За нас најголем проблем е реализацијата, не можеме да бидеме задоволни од тој сегмент на играта, се надевам дека ќе се поправи таа наша ефикасност“ рече стратегот на Брегалница.

ПретходноКореа со два гола им донесе победа на “јорганџиите“!
СледноЗахов: Шкендија со Ќато e нешто друго, одиме на победа и против Брегалница!