Роберто Манчини, селекторот на Италија, кој поради Македонија нема да ја води својата репрезентација на СП во Катар, веднаш откако ги дозна ривалите во групата Ц во квалификациите за ЕВРО 2024, за медиумите во Италија кусо искоментира…
„Знаев дека ќе ни се падне или Англија или Франција, знаев. Во група сме со Англија и Украина. Ова е прифатлива група зошто сме пет селекции во неа. Тоа нема да бидат едноставни мечеви, против сите треба да се игра. Македонија? Тоа се тие мечеви кои се случуваат одвреме – навреме, мора да се одиграат максимално“ рече покрај другото Манчини.
Да се потсетиме. Македонија во квалификациите за ЕВРО 2024 година се падна во групата -Ц, заедно со Италија, Англија, Украина и Малта.