Тимот на Наполи се врати на чело на табелата во Серија А со победата над Кремонезе со 4:1 во 9. коло. Политано погоди во 26. минута од пенал за предност на тимот од Неапол, но изедначи Десерс на почетокот на второто полувреме.
Сепак Наполи ја врати предноста со голот на Џовани Симеоне во 76. минута, а триумфот го потврдија Лозано и Оливера со голови во судиското продолжение.
Елиф Елмас го преседе цел меч на клупата.