Питер Бош е минато за Лион, Лоран Блан ќе биде новиот тренер

96

Некогашниот селектор на Франција, Лоран Блан, ќе биде најверојатниот нов тренер на француски Лион. Францускиот гигант одигра само 1:1 во петокот против Тулуз во натпреварот од 10. коло на Лига 1. Ова беше петти натпревар по ред за Лион без победа во првенството, а лошата форма денеска ја плати тренерот Питер Бос, кој по една година ја напушти клупата на Лион.

Холанѓанецот наскоро би можел да се врати на клупата на Ајакс, а според информациите до кои дојде „Л’Екип“, Лион наскоро би требало да го преземе Лоран Блан, поранешниот француски селектор.

Како тренер, Блан освои многу трофеи во Франција. Со Бордо освои два Суперкупа, Лига Куп и титулата во 2009 година, а со ПСЖ беше трикратен освојувач на лигата.

ПретходноРеал Сосиедад ниже победи, Виљареал не знае за успех веќе четири кола (ВИДЕО)
СледноРоналдо го постигна својот 700. клупски гол во кариерата (ВИДЕО)