Со својот втор гол сезонава, а јубилеен 100-ти откако настапува на Кипар, Иван Тричковски беше една од клучните фигури во победата на АЕК Ларнака на гостувањето кај Арис во рамките на 6. коло од кипарскиот шампионат.
АЕК Ларнака ја оствари третата сезонска победа откако денеска славеше со 2:1 во Лимасол, а нашиот интернационалец погоди за водство на гостите од 1:0 во 23. минута.
Со оваа победа, АЕК Ларнака се искачи на 4. место на табелата со 4 бода помалку од лидерот Пафос.