Уникс остана перфектен, Димитријевиќ со повеќе асистенции од поени!

131

Уникс Казан ја запиша втората победа во новата сезона во ВТБ-лигата. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ на домашен терен имаше лесна задача, го совлада Енисеј со убедливи 104-59.

Димитријевиќ на теренот мина нецели 20 минути за кои постигна пет поени и тоа без промашуваше. Имаше еден од еден за три поени и истиот ефект од поле. Зад своето име додаде девет асистенции, два скока и две украдени топки.

Уникс Казан овој меч го реши по првата четвртина поведе со 29-16 и без проблем одржуваше двоцифрена позитива.

Претходно„Ладен туш“ по среќните вести: Феникс му го зеде скалпот на Работнички (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноAнгеловски и во петтиот меч со Горица не успеа да дојде до првата победа