Војдан пред Партизан: Ваквите мечеви се играат ретко, а се паметат долго!

91

МЗТ Скопје по поразот од Црвена Звезда на стартот на новата сезона во АБА-лига го чека нова тешка задача, исто против српски гигант. Противник на актуелниот македнски првак во рамките на 2. коло во јадранското друштво е Партизан, мечот се игра утре со почеток во 16 часот.

Гостите на клупата го имаат Жељко Обрадовиќ, искусно и докажано име, што пак доволно говори за силата на противникот. Желба на кошаркарите на МЗТ Скопје е полна сала, знаат дека ќе биде тешко, но тоа не ги спречува да пружат силен отпор, ако им се пружи шанса да го изненадат Партизан.

„Ова не е обичен натпревар, туку пресметка против евролигаш со квалитетен ростер и тренер веќе влезен во историјата. Ваквите мечеви се играат ретко, а се паметат долго. Сакам на трибините да видам многу навивачи во сино-бело, чија песна ќе ни помага кога ќе биде најтешко. Заедно со големата поддршка од нашите најверни да му ги закомплицираме сметките на фаворизираниот Партизан, а тоа е желбата на сите кошаркари“, вели Војдан Стојановски пред дуелот. 

ПретходноГвардиола: Лут сум на Халанд, не постигна три гола!
СледноТотенхем му нуди огромна плата на Конте