Група -Ц: Македонија против “пациентот“ Италија, силната Англија…како до првите две места!?

208

И да сакавме не можевме да одбереме посилна група во квалификациите за ЕВРО 2024. И самите да си биравме не можевме да одбереме посилна група.

Ждрепката во Франкфурт ја смести нашата репрезентација во атрактивната група – Ц, и тоа заедно со Италија, Англија, Украина и Малта.

Познати ривали со кои досега сме играле.

Италија ни е “пациент“, ако се потсетиме на оној мартовски бараж за СП во Палермо. Со Англија ги имаме оние 2:2 на “Сент Мери“ во Саутемптон. Со Украина игравме на ЕВРО 2020, а со Малта исто така имаме одиграно неколку квлификациски мечеви.

Ако се знае дека само првите селекции одат на ЕВРО прашање е како до тие места, барем до второто. Ако сме фаворити со Малта, тогаш мораме да бидеме пред две селекции како што се Италија, која секако дека ќе има супер мотив за реванш, потоа Англија и силната Украина.

Ќе биде тешко, пеколно тешко, но сепак ова е фудбал, ние во последните 2-3 години покажавме дека оваа генерација знае да игра добар фудбал и тоа како, останува да се надеваме на малку среќа и секако на добар настап.

Против секого се може.

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ТРАДИЦИЈАТА

ИТАЛИЈА: 3 1 1 1 4:4

АНГЛИЈА: 4 0 2 2 3:5

УКРАИНА: 5 1 1 3 2:5

МАЛТА: 6 5 1 0 15:2

ПретходноСрбија фаворит во групата „Балкан“, Франција и Холандија ќе се судрат меѓусебе
СледноМилевски: Да биравме потешко немаше да одбереме