КК Пелистер по поразот од Гостивар со реакција!

193

Синоќа во меч од стартното коло во нашата кошаркарска елитна лига, Гостивар го победи Пелистер. Во текот на денешниот ден клубот од Битола излезе со официјално соопштение за настаните од тој натпревар.

Реакцијата ви ја презентираме во целост…

Почитувани

КК Пелистер ја известува јавноста дека делегирањето на судиите на натпреварот од првото коло на кошаркарскиот шампионат на Македонија меѓу Гостивар и Пелистер не кореспондира на епитетот дерби на колото. Со својот критериум судиите директно влијаеја на текот на натпреварот и конечниот резултат.

Исто така апелираме да се преземат мерки кон многубројните неофицијални лица кои беа присутни во салата, иако натпреварот требаше да се игра пред празни трибини и без присуство на гледачи. Присутните не само што го следеа натпреварот, туку и навиваа и дофрлаа.

Исто така отворено прашуваме зошто претседателот на КК Гостивар, кој е и претседател на Здружението на клубови, постојано ја навредуваше нашата екипа и претставници, што се случува по вторпат годинава. По сите овие постапки можеме да заклучиме дека КК Гостивар има свој проблем само со нашиот клуб.

ПретходноПМФЛ: Шкупи шампионски, Победа го понижи Силекс, без голови под Шара и Автокоманда
СледноВМФЛ: Пехчево Скопје го декласираше Кожуф!