Ливерпул оваа сезона не личи на себе. Денеска „црвените“ беа поразени на дербито со Арсенал, а по мечот менаџерот Јирген Клоп даде своја оценка на мечот и новиот неуспех на вицешампионот.
„Создававме шанси, бевме многу опасни, постигнавме прекрасен гол за 1:1. Потоа го примивме вториот гол во последните секунди од првото полувреме. Очигледно згрешивме, добивајќи гол повторно од контранапад. На паузата знаевме дека сме добри, освен резултатот. Сакавме да ги развиеме оние добри работи што успеаја во првото полувреме, но, за жал, не го направивме тоа. Но, го израмнивме резултатот, играта беше многу отворена. Мислам дека требаше да се преиспита ситуацијата со пеналот. Сега ја видов репризата и мислам дека овој пенал не бече чист. Беше досуден многу лесно. Претпоставувам дека ова е ситуацијата што судијата ја гледа поинаку во реално време. Неколку пати се беше против нас, но не сме слепи и гледаме дека во неколку моменти можевме да одиграме подобро“, вели Клоп.
За замената на Александер-Арнолд на полувреме, Германецот вели:
„За жал, тој беше повреден, како и Луис Диаз. За нив не е многу добро, но за нас е уште полошо“.