Лазаров денеска „прозива“: Македонија со поинаков изглед, но со иста цел!

196

Македонската ракометна репрезентација денеска ги почнува подготовките за пласман на ново Европско првенство. За разлика од годините наназад, овој пат составот ќе биде поинаков. Без Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов и Филип Миркуловски, со неколку искусни имиња, Македонија ќе го брка своето место на континенталното натпреварување кое ќе се одржи во 2024 година.

Нашите ракометари се во група со Луксембург, Турција и Португалија. Првите три селекции ќе го заверат својот европски билет.

Прв противник е Луксембург, мечот се игра на 12. овој месец во СЦ „Борис Трајковски“, билетите веќе се пуштени во продажба, четири дена подоцна Македонија е гостин на Турција во Ван.

Собирот е закажан во 14 часот во хотелот „Александар Палас“. Лазаров го скрати списокот, на истиот доминираат играчите кои настапуваат во домашниот шампионат (18), додека има само тројца ракометари настапуваат во странство.

ПретходноПМФЛ: „Пандевци“ на мегдан со шампионот, скопски дуел на Автокоманда, Шкендија ја “мерка“ и Брегалница
СледноМакс Верстапен доминантен во јапонскиот хаос за нова светска титула!