Холанѓанецот Макс Верстапен е победник на Формула 1 трката за Големата награда на Јапонија обезбедувајќи новата титула светски шампион.
Трката на патеката „Сузука“ почна хоатично, беше прекинувана поради силниот дожд, а во јапонскиот хаос најдобро се снајде возачот на Ред Бул. Тој заврши пред Шарл Леклер, кој доби казна од пет секунди, па втората позиција му припадна на Перез.
Организаторите на трката се соочија со огромни проблеми веќе на отворањето. Карлос Саинц падна веќе во првиот круг, а потоа организаторите одлучуваат да ја прекинат трката додека не се подобрат временските услови. Возачите беа лути, а најгласен беше Пјер Гасли кој за малку ќе се судреше со со кранот.
Terrifying crash for Carlos Sainz 🤯
So glad he is okay 👊
— Ferrari News 🐎 (@FanaticsFerrari) October 9, 2022