Манчини: Македонија? Тоа се тие мечеви кои мора да се одиграат максимално!

229

Роберто Манчини, селекторот на Италија, кој поради Македонија нема да ја води својата репрезентација на СП во Катар, веднаш откако ги дозна ривалите во групата Ц во квалификациите за ЕВРО 2024, за медиумите во Италија кусо искоментира…

Знаев дека ќе ни се падне или Англија или Франција, знаев. Во група сме со Англија и Украина. Ова е прифатлива група зошто сме пет селекции во неа. Тоа нема да бидат едноставни мечеви, против сите треба да се игра. Македонија? Тоа се тие мечеви кои се случуваат одвреме – навреме, мора да се одиграат максимално“ рече покрај другото Манчини.

Да се потсетиме. Македонија во квалификациите за ЕВРО 2024 година се падна во групата -Ц, заедно со Италија, Англија, Украина и Малта.

ПретходноМилевски: Да биравме потешко немаше да одбереме
СледноПетров и Митревски последни во стројот!