Мартинели погоди во 58 секунда, но тоа не е најбрзиот гол на дуелите меѓу Арсенал и Ливерпул (видео)

128

Арсенал поведе против Ливерпул со гол на Габриел Мартинели во 58. секунда. Само што почна мечот „топчиите“ тргнаа во акција, која после неколку додавања заврши со погодок. Сепак, тоа не е најбрзиот гол на дуелите меѓу Арсенал и Ливерпул во Премиер лигата. Некогашниот дефанзивец Мартин Шкртел во дресот на Ливерпул ја погодил мрежата на Арсенал во 52. секунда во првенствениот меч во февруари 2014 година кој го добија „црвените“ со 5:1.

ПретходноА. Пандев има четири порази во серија, Васоски со три од три!
СледноИкер ја разреши дилемата околу „мистериозниот Твит“